Сашо Караџов е роден на 11 декември 1970 година во Скопје. Како фудбалер настапувал на одбранбени позиции, носејќи ги дресовите на Вардар и на грчкиот Ираклис. За македонската репрезентација забележал четири настапи и еден гол.

По играчката кариера продолжил со тренерска работа, вклучително и во младинските категории на Металург. Денес е тренер на првиот тим на ФК Металург 2025.